by Мирјана Најчевска
Одлуката на Уставниот ни суд (У.бр.284/2009 и У.бр.70/2010 од 14.07.2010 г.) за укинување на т. 2 од Решението на Министерот за образование околу изучувањето на македонскиот јазик во основните училишта ни (објавена во Сл.в. 98/2010) не е грешка, не е катастрофа туку е - КАТАКЛИЗМА.
Уште пред да одам на одмор ме удри јанза. По еден [...]
August 25th, 2010
by Дејгиди
Гледам нешто новинарите се жалат дека се под разни притисоци, влијанија, мешања, уценувања, диктирања, отпуштања…Ок, в ред сето тоа, борбата за своите „правици“ е сосем легитимна, но јас нешто друго да додадам на тоа.
Покрај традиционалата популарност кај политичарите на RTS стратегијата “Media Manager“, овој период имаме и појава на еден нов тип цензура, а тоа [...]
August 24th, 2010
by Мирјана Најчевска
Функцијата министер подразбира права и обврски. Основна обврска на министерот (според член 13 од Законот за Влада) е “самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“.
Ова е прецизирано во одделните закони, меѓу кои е и Законот за основно образование. Во овој закон [...]
August 19th, 2010
by Мирјана Најчевска
Што да се прави кога се’ е наопаку па дури и размислувањето. Не се размислува прво за тезата – туку ПРВО за тоа кој ја изнел. Така и нашето Катеринче во Форумот на Дневник од 14 август 2010 година се „размавнала“ по хименопластичарското лицемерие. Притоа, успеала да направи антологиски пример за тоа колку она [...]
August 17th, 2010
by Мирјана Најчевска
Постојат многу политички објаснувања за случаите кои биле предадени на Хашкиот трибунал а сега се отстапени од негова страна на Република Македонија, меѓутоа, лично мислам дека за нив може да се разговара и да се анализираат, а не да се користат како правен основ за непостапување во врска со овие случаи.
Од правен аспект треба да [...]
August 13th, 2010
by Дејгиди
Кога бев ученик пионер нашите наставници не водеа на практична настава во природа. Ни покажуваа мов, флора и по некоја фауна, како да се ориентираш во просторот со и без компас. Учевме многу за природата, за географијата, математиката и други корисни науки.
Времињата многу се сменија. Денес наставниците мора да размислуваат како да го модернизираат образовниот [...]
August 8th, 2010
by Мирјана Најчевска
Доручек во омилениот ресторан, изнајмено кино за приватна проекција на Ѕвездена прашина и една од најстарите куќи во Винчестер како опкружување за свечениот чин. Така го организираше своето изненадување за мене и семејството постарата ќерка.
Неверојатно пријатна атмосфера, свечено без претенциозност и со супер храна и вино. Сега си имам зетко и тазбина (и официјално). А [...]
August 5th, 2010
by Мирјана Најчевска
August 3rd, 2010
by Дејгиди
На сите ни е позната типологијата на рубриките, т.е. секциите, во вестите и весниците. Прилозите и статиите набутани во вести од земјата, светот, регионот, политиката, економијата, црната хроника, култура, живот, занимливости, спорт, време, и слично, треба квалитетно да не информираат со тоа што вестите ќе ни ги сервират на (некаков) организиран начин.
Оваа класична типологија се [...]
August 1st, 2010
by Дејгиди
По долг период истражувања и ископувања група археолози од Македонија успеа во реонот на Скопје да пронајде вреден археолошки локалитет. Се работи за наоѓалиште за кое се претпоставува дека во подалечното минато било фабрика. Фабриките биле значаен сегмент од материјалната и духовната традиција на овдешните култури, додека денес тие се сметаат за наполно исчезнати.
Вредните археолози [...]
July 24th, 2010
by Мирјана Најчевска
01.10.2008
Обраќање на министерката Јанкулоска пред студентите на Факултетот за безбедност
Ми претставува особена чест и задоволство во име на Министерството за внатрешни работи и во мое лично име да Ве поздравам денес на овој значаен ден за Вас, првиот час-првото предавање во официјалното отпочнување на [...]
July 22nd, 2010
by Мирјана Најчевска
Во врска со веста дадена на тв Сител, Новинарот Иван Кузмановски треба веднаш да биде повикан од страна на Секторот за внатрешна контрола со цел давање информации за тоа каде ги добил податоците во врска со полициските досиеа на членовите на семејството Илиевски.
Согласно Законот за полиција (чл. 10, 71, 72, 73, 75, 77) и Законот [...]
by Мирјана Најчевска
Случајот на “млекарот“ од Битола недвосмислено покажа дека целото наше судство со сите судии станало соучесник на власта во кршењето на основните човекови права и слободи.
Во ситуација кога еден судија не го применува законот, кога ниту еден друг судија не регаира на тоа, кога Републичкиот судски совет молчи, не може да стане збор за ништо [...]
July 19th, 2010
by Џаман
Ристо Никовски во Нова Македонија: Главна цел - да ни се одземе државата, народот – колатерална штета
Продлабочена анализа на настаните низ кои минуваме по распадот на СФРЈ, недвосмислено покажува дека основната причина за проблемите со кои сме соочени е всушност – (карактерот на) државата. Ако [...]
July 18th, 2010
by Мирјана Најчевска
Според најновите научни ставови, луѓето со лесна интелектуална попреченост можат активно да учествуваат во секојдневниот живот, да формираат семејства и да работат, со помал или поголем надзор и контрола од страна.
Контролата е потребна поради тоа што интелектуалните граници на овие луѓе им оневозможуваат да сфатат некои посложени релации, не успеваат да ги разберат посуптилните меѓучовечки [...]
July 14th, 2010
by Мирјана Најчевска
Покретенско, помалоумно, поманипулативно, подебилно нешто од прекинување на седница на Собрание за да може пратениците да присуствуваат на подигањето на македонското знаме на јарболот пред Собранието не сум слушнала во својот живот.
Дали станува за посебен ден, дали секој ден сите пратеници присуствуваат на подигањето на знамето, дали постои деловничка процедура или е ова моментално измислен [...]
July 10th, 2010
by Мирјана Најчевска
“Заменик претседателот на Република Македонија задолжен за спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор“, г-дин Абдилаќим Адеми ни соопшти дека:
1. се вработуваат нови 30 Албанци во администрацијата
2. сите се од Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на ЈИЕ. Вработувањето е резултат на потпишаниот Меморандум за соработка кој предвидува вработување на 30 најдобри студенти кои дипломирале во последната академска година на [...]
by Мирјана Најчевска
Според Ставрев државата има право да не им плаќа на фирмите на кои им должи затоа што има фирми кои и должат нејзе. Тоа е исто како јас да кажам дека не плаќам струја, затоа што не ми е исплатена плата. Само што мене ќе ми ја исклучат струјата, а на државата-банда, пардон, партија, пардон, [...]
July 8th, 2010
by Џаман
Утрински ни приложува класичен пример на тапа превод. Преголемата преводителска слобода на неколку места во текстот тотално ја промашува јасно искажаната мисла на уредникот на Катимерини. И не вреди да ги лоцирам грешките, поаѓајќи од насловот, да ги толкувам намерите на преводните прилагодувања, па дури и да го коментирам самото четиво. Оставам така.
July 7th, 2010
by Џаман
И додека гледам на тв како покрај оранје лампионски светликвата холандска амбасадорка испоседнала на трпеза безмалку сета портокалова влада да го проследи фудбалското полуфинале, чувствувам дека некој недостасува во навивачкото друштвенце. Ма мора да е некој 24/7 министер радилица, ми пролетува инстант асоцијација низ умот. А кој би бил тој министер што би пропуштил гага хајнекен пивце, холандска марка, грчка инвестиција и олигархиски домашно флаширано, та ми недостасува за полна портоколова слика? Оние бедниците и некадарници од опозициски комуњари никој не ги кани на евроатлантска маса, нивото им е за под маса, согласно со зададените задачки. И одговорот не го барам кај онаа македонска политковскаја на неодредена работа во Брисел кога таа не може асално да одбере и спакува ниту новинарска приказна од европската престолнина, како на пример оваа иницијатива за еко сапунирање на преминатите. Стварно, кој е министерот што недостигаше на навивачкото оранје журче со гага пиење и лапачка?